Почитувани kолеги, соработници и пријатели,

Во името на Здружението на лекари по општа/ семејна медицина на Македонија чест ми е да ве поканам на 24-от Симпозиум на ЗЛОМ- СМ со меѓународно учество и одбележување на Јубилејот 70 години од постоење на Здружението кои ќе се одржуваат од 2-4 ноември 2017 год. во хотелот Александар Палас Скопје.

Симпозиумот се одржува во соработка со Асоцијацијата на лекари по општа и семејна медицина на Југоисточна Европа.

Воедно, очекуваме покрај присуството на  лекари по општа – семејна медицина и присуство на  педијатри, невролози, дефектолози, логопеди и студенти.

24-от Симпозиум на ЗЛОМ- СМ ќе го одбележат теми од значење за општиот семејниот лекар:

  1. Деменција
  2. Аутистичен спектар на нарушувања
  3. Слободни теми

Верувам дека ќе успееме да го пoттикнеме  вашиот интерес за овој настан и отворено да разговараме за предизвиците  со кои се среќава општиот– семејниот лекар земајќи ги во предвид неговото место и улогата во разрешувањето на истите, во соработка со другите стручни здруженија и релевантните институции на државата.

Би сакала да се заблагодарам на  сите еминентни домашни и странски  предавачи и гости кои ќе земат учество на Симпозиумот.

Уверена сум дека на Симпозиумот ќе ги размениме нашите знаења, ставови, искуства, ќе ги споделиме новитетите и идеите, со визија и отвореност за сите наши очекувања во иднина.

Ви посакувам  добредојде на  24-ти Симпозиум и Јубилеј 70 години постоење на ЗЛОМ- СМ, со надеж дека ќе бидеме добри домаќини,   а научната програма што ќе ја понудиме ќе допринесе да бидеме побогати со нови знаења.

 

Срдечен поздрав,

Со почит,

Д-р Катерина Ковачевиќ

Претседател на ЗЛОМ-СМ